Ролан Гарос ќе се одржи од 27 септември до 11 октомври и тоа со присуство на публика, изјави претседателот на Француската тениска федерација, Бернар Гуидичели.
Првично, Ролан Гарос традиционално беше закажан за крајот на мај, но прво беше одложен за периодот од 20 септември до 4 октомври поради пандемијата на коронавирус, а потоа и една недела подоцна.
Гуидичели потврди дека билетите по се изгледа ќе излезат во продажба кон крајот на јуни или почетокот на јули.