Македонската ракометна репрезентација, вчера во Виена ги доби противиците за следниот циклус квалификации за ЕП 2022 година. ЕХФ веќе го утврди и возниот ред во овој квалификациски циклус, кој Македонија ќе го почне на 4 или 5 ноември на домашен терен против селекцијата на Финска, која ја добивме од условно најслабиот, четвртти шешир.
Потоа не очекува гостување во Швајцарија, а за следната година во март и двомечот со Данска.
04/05.11.2020 Македонија – Финска
07/08.11.2020 Швајцарија – Македонија
10/11.03.2021 Македонија – Данска
13/14.03.2021 Данска – Македонија
28/29.04.2021 Финска – Македонија
02.06.2021 Македонија – Швајцарија