Германскиот бундеслигаш Баер (Л) деновиве примил две понуди од два европски гиганти за младиот голгетер Каи Хаверц. Според пишувањата на дел од медиумите, станува збор за понуди кои доаѓаат од Англија и Шпанија.
Првата во висина од 88 милиони евра е пристигната од канцеларијата на Челзи, додека втората во висина од 80 милиони евра дошла од Реал (М).
Засега нема одговоро од управата на „фармацевтите“, но станува јасно дека ќе има жестока битка за потписот на младото изненадување во Бундеслигата оваа сезона.