Фудбалерите на Ливерпул Жоел Матип и Џејмс Милнер ќе го пропуштат вечерашниот дуел со Кристал Палас на „Енфилд“. И двајцата беа повредени на средбата со Евертон во неделата.
Сепак, добра вест е тоа што Мохамед Салах и Енди Робертсон се во комбинација за старт на вечерашниот дуел. Ниту Салах ниту Робертсон не играа на градското дерби кое завршни без постигнат гол.
Менаџерот на „црвените“, Клоп на прес-конференција пред мечот изјави дека Мо тренира нормално и најверојатно вечерва ќе биде стартер исто како и Робертсон.

