Денеска за првпат, Скопје беше домаќин на новата и иновативна трка HalkEco Хронометар 10KM. Трката се одржа на кејот на реката Вардар. Тркачите стартуваа од стартната позиција под мостот „Гоце Делчев“ до крајната позиција, вливот на реката Лепенец во Вардар, каде што завртеа полукружно назад до целта под мостот „Гоце Делчев“.
Дарио Ивановски беше најбрз кај мажите со време од 30:57 минути, второто место му припадна на Атанас Анчевски (33:29), додека третопласиран беше Александар Кираџиев (33:49). Кај жените првото место го освои Адријана Поп Арсова со време од 37:15, второто место и припадна на Биљана Кираџиева (38:26), додека третопласирана е Миљана Ристич (39:43).