Еден од најискусните фудбалери на Барселона, Жерард Пике смета дека, врз основа на настапите на неговиот тим во последно време, Реал Мадрид е поблиску до титулата.
Барселона одигра без победник синоќа кај Севиља во меч со многу тешкотии, но Реал Мадрид има шанса да се израмни со Каталонците на гостувањето кај Реал Сосиедад вечерва.
„Мислам дека ќе биде многу тешко да се стане шампион, ќе ни биде многу тешко да ја освоиме титулата“, рече искрено Пике.