Челзи и официјално го потврди и комплетираше трансферот на Тимо Вернер од РБ Лајпциг, откако ја активираше откупната клаузула од неговиот договор.
Германскиот интернационалец пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ со 5-годишен договор кој ќе му донесе 9 милиони фунти годишно.
Надоместокот за трансфер е 45 милиони фунти или 50 милиони евра. Сега останува играчот да ги помине медицинските тестови со цел да се заврши трансферот.
„Среќен сум што доаѓам во Челзи. Ова е многу горд момент за мене затоа што станувам дел од еден ваков одличен клуб. Секако, сакам да се заблагодарам на РБ Лајпциг и на навивачите на тимот за овие фантастични години. Со нетрпение ја очекувам следната сезона и сигурен сум дека имаме светла иднина пред нас“, изјави Вернер на веб-страницата на Челзи.