По 100 дена принудна пауза, Премиерлигата се враќа со првите два меча по пандемијата со Ковид-19. Вечерва со мечот меѓу Астон Вила и Шефилд Јунајтед од 19 часот ќе започне серијата од 92 натпревари кои мора да се одиграат за сезоната во Англија и официјално да заврши.
Сите овие средби ќе се одиграат во планиран период од само 40 дена, а крајот на сезоната ќе биде на 16 јули. Натпреварите ќе се играат зад затворени врати, а првите натпревари по продолжувањето на сезоната ќе започнат со минута молчење во спомен на жртвите на КОВИД-19.
Дресовите на играчите нема да ги имаат напишано нивните имиња, туку наместо тоа ќе стои паролата за поддршка на борбата против расизмот.
Покрај мечот Астон Вила – Шефилд Јунајтед, денес има ќе се одигра и големото дерби во Манчестер, меѓу Сити и Арсенал.