КК Гостивар продолжи да работи на креирање тим со кој ќе биде еден од најсилните на домашната сцена и наредната сезона. Синоќа од клубот ја објавија и соработката со 30-годишниот Малком Армстед, кој практично ќе остане во Гостивар и следната сезона, откако во оваа и не се наигра поради прекинот на сезоната.
Армстед е исклучително искусен кошаркар кој во својата кариера играше во повеќе европски првенства, а своевремено беше прогласен и за МВП во АБА лигата.