Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино одговори на прашањата за предлозите што организацијата ги доби околу поставување фунансиски ограничувања на платите и трансферите вос ветот на фудбалот. Предложените реформи се насочени кон подобрување на фудбалската индустрија погодена од пандемијата на коронавирус, а како предлог дојдоа од Бундеслигата.
„Ни беа понудени низа предлози за ограничувања на платите, трансферите и разни механизми за оданочување. Беше предложено да се создадат клупски резервни фондови. Лично, јас се залагам за појасни финансиски правила кои обезбедуваат целосна транспарентност. И ова не треба да се однесува само на системот за трансфери, зборуваме за целиот фудбалски систем. Мислам дека сите овие мерки, проекти и идеи треба да се дискутираат на сите нивоа. Јас разбирам дека тие ќе предизвикаат дебата, но треба да биде така. Треба да разговараме за тоа“, изјавил првиот човек на светскиот фудбал.