Аталанта го откупи договорот на Марио Пашалиќ од екипата на Челзи. Веста ја потврдија повеќе италијански извори. Според информацијата, износот на трансферот изнесува 15 милиони евра. Најавено е дека на Пашалиќ ќе му биде понуден договор за пет години. Пашалиќ се пресели во Аталанта од Челзи летото 2018 година на позајмица. Договорот на играчот со лондонскиот клуб беше со важност до летото 2022 година. Оваа сезона Пашалич одигра 32 натпревари за тимот од бергамо и постигна 7 гола со 7 асистенции.
Author: saso
Европската куќа на фудбалот, УЕФА, најави промена на критериумите за пласман на ЕП за играчи до 21 година. Покрај домаќините Словенија и Унгарија, место на завршницата требаше да добијат деветте победници од квалификациските групи, најдобрата второпласирана селекција и четири победници од баражите меѓу преостанатите осум второпласирани репрезентации. Сепак, бараж натпреварите би можеле да бидат укинати и на Европското првенство би се пласирале победниците од квалификациските групи, заедно со уште пет најдобро второпласирани селекции. Македонија е во група со Шпанија, Израел, Казахстан, Црна Гора и Фарските Острови. По четири одиграни натпревари, избраниците на Милевски освоија седум бода, еден помалку од второпласираниот…
Адидас реши да не го обновува спонзорскиот договор со играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, пренесува „Дејли меил“. Според извор, компанијата е загрижена за јавниот имиџ на фудбалерот, кој е познат по неговите блиски односи со турскиот претседател Реџеп Ердоган. Озил потпиша договор за Адидас во 2013 година, со што му стави крај на партнерството со Најк. Седумгодишниот договор со германската марка му донесе околу 24 милиони евра.
Турскиот клуб Трабзонспор е суспендиран на една година од европските натпреварувања поради кршење на финансискиот фер-плеј, објави УЕФА. УЕФА потврди дека клубот од Трабзон нема да може да игра во Европа, доколку се квалификува, во сезоната 2020/21 или 2021/22. Трабзонспор во моментов е лидер во турската Суперлига. Финансискиот фер-плеј беше воведен во 2011 година за да се спречат клубовите да трошат повеќе отколку што заработуваат, а досега гигантите како Милан и Манчестер Сити ја почувствуваа казната да бидат исфрлени од европските натпреварувања.
Според планот, денеска играчите и тимскиот персонал на ФК Вардар направија тестови за КОВИД-19 пред најавеното продолжение на фудбалската сезона. Мобилната екипа на Клиничката болница Аџибадем Систина денес беше во Тренинг Кампот на ФК Вардар и изврши тестирање за Ковид-19 на членовите клубот. Резултатите се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Манчестер јунајтед и кинескиот клуб Шангај Шенхуа се согласија да го продолжат заемот на нигерискиот напаѓач Одион Игало, кој ќе остане во Англија до јануари 2021 година. Манчестер го донесе нигерискиот напаѓач на позајмица од Шангај иако фудбалските медиуми и јавноста беа скептични. Во меѓувреме, Игало покажа дека има квалитет и ги исполнува критериумите на раководството на клубот и навивачите. Заемот на нигерискиот напаѓач на Јунајтед заврши на 31 мај, но продолжението беше договорено до 31 јануари 2021 година.
Англискиот репрезентативец во дресот на Борусија (Д), Џејдон Санчо, со својот прв хет-трик во професионалниот фудбал стана најмладиот играч во историјата на Бундеслигата кој постигнал 30 голови. За неговите 30 голови и 38 асистенции, потребни му беа само 73 меча во лигата, покажува статистиката. Севкупно, во петте водечки лиги во Европа оваа сезона, асот на Борусија Дортмунд е првиот што има најмалку 15 голови и 15 асистенции. Фантастичните настапи на Санчо и импресивните перформанси сигурно ќе ја задржат неговата висока цена. Ова лето тој се поврзува со еден куп европски гиганти, меѓу кои и Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Ливерпул, Челзи,…
Синдикатот на фудбалери на Македонија, денеска информираше дека ФК Шкупи во последен момент ги откажа тестирањата за КОВИД-19, со образложување дека тие не веруваат во овие тестови. Во соопштението испратено до јавноста од синдикатот наведуваат: „Денес во тренинг кампот на Фк Вардар беше мобилна екипа на Аџибадем Систина. На сите играчи,стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во клубот им беше извршено тестирање на Ковид 19. За утре имавме закажано тестирање во Фк Шкупи меѓутоа во последен момент ни беше откажано од нивна страна со образложување дека они не веруваат во овие тестови. Го почитуваме нивното мислење, но еве…
Екипата на Хелас Верона го претставија своето ново официјално лого, кое го нарече „враќање во иднината“. Логото со нов модерен изглед е обновено по цели 25 години. Новото лого ќе биде минималистичко во споредба со она што моментно е на дресовите на Верона. RITORNO. AL FUTURO. Il nuovo logo ufficiale dell’Hellas Verona FC dal 1° luglio 2020 ▶️ https://t.co/pvaTY4pHRH #HVFC pic.twitter.com/QCPvLEZp0J — Hellas Verona FC (@HellasVeronaFC) June 1, 2020
Раководството на Балканската кошаркарска лига испрати писмо со намери до Кошаркарската федерација на Македонија, со кое менаџментот на лигата која опстојува 12. години на овие простори, нуди можност за натпреварување на македонски клубови во сезоната 2020/2021 година. Пред да биде завршена сезоната 2019/2020, во БИБЛ лигата веруваат дека во онаа наредната ќе се реализира натпреварување со најмалку по два клуба-учесници од земјите во нашето опкружение. Односно, освен нашата федерација, исти такви покани стигнаа и до националните федерации на Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора, а постои можност во лигата да биде вклучена и некоја екипа од други земји на Балканот. Во…
