Турскиот клуб Трабзонспор е суспендиран на една година од европските натпреварувања поради кршење на финансискиот фер-плеј, објави УЕФА.
УЕФА потврди дека клубот од Трабзон нема да може да игра во Европа, доколку се квалификува, во сезоната 2020/21 или 2021/22.
Трабзонспор во моментов е лидер во турската Суперлига.
Финансискиот фер-плеј беше воведен во 2011 година за да се спречат клубовите да трошат повеќе отколку што заработуваат, а досега гигантите како Милан и Манчестер Сити ја почувствуваа казната да бидат исфрлени од европските натпреварувања.