Европската куќа на фудбалот (УЕФА) одлучила Лисабон да биде домаќин на преостанатите натпревари од годинашното издание на Лигата на шампионите, објави „Билд“.
Главниот град на Португалија победи во конкуренција на Франкфурт и Москва. Неколку фактори биле одличувачки во корист на Лисабон. Како прво, сите португалски клубови веќе се надвор од европските турнири, што значи дека другите екипи ќе играат под еднакви услови.
Покрај тоа, епидемиолошката состојба во градот е поповолна од онаа во Франкфурт и Москва, а тука е и присуството на два големи стадиони близу еден до друг.
УЕФА и официјално ќе ја објави одлуката на 17 јуни.