КФСМ денеска испрати одговор до КК МЗТ Скопје Аеродром на нивното барање за враќање на средствата кои клубот ги уплатил во тековната сезона во касата на куќата на кошарката. Од Федерацијата велат дека барањето на МЗТ Скопје А. е неосновано во целост.
КФСМ оценува дека барањето на клубот од Аеродром е целосно конфузно и нејасно и потсетува дека дека одлуката за прекин на сезоната е донесена од УО на федерацијата како колективен орган, а сезоната не е поништена.