Фиорентина нема ништо против да го продаде капитенот Херман Пецела во Валенсија, но за да дозволи трансфер, Валенсија ќе мора да плати 20 милиони евра. Централниот дефанзивец сака да ја продолжи кариерата во Шпанија, па двете страни веќе се во преговори.
Управата на Валенсија имаше намера да и понуди на Фиорентина еден фудбалер во замена за Пецела (се споменуваа Кевин Гамеиро и Јаспер Силесен), но оваа можност „виолетовите“ веднаш ја отфрлија. Тие бараат стрикно 20 милиони евра за Пецела.
За Аргентинецот е заинтересиран и Наполи, а се споменува дека во последно време за него се распрашува и Рома.