Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски и следната сезона ќе го носи дресот на Гравелин во Франција. Како што потврдија од клубот, двете страни се договориле за продолжување на соработката и за следната сезона.
Војдан пристигна во Гравелин во текот на сезоната 2019/20 и задоволи со своите настапи. Нашиот репрезентативец имаше просек од 12,7 поени на натпревар.