Француските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е подготвен да издвои 50 милиони евра за Исмаел Бенасер од Милан.
22-годишниот играч од средниот ред на Милан беше прогласен за најдобар играч на последниот Африкански куп на нации, по што Алжирецот направи трансфер од Емполи во Милан за 16 милиони евра.
Вредноста на младиот играч од средниот ред е 17,5 милиони евра, но „граѓаните“ би морале да платат 50 милиони заради откупната клаузула.