Според последната потврда од Апенините, италијанскиот фудбал се враќа со првите два полуфинални меча од Купот кои веќе се закажани за 12 и 13 јуни. Во првиот термин на 12 јуни ќе играат Јувентус и Милан, а ден подоцна и Наполи и Интер. Финалето ќе биде на 17 јуни.
Првите полуфинални дуели веќе се одиграа во февруари. Милан и Јувентус одиграа нерешено 1:1, а Наполи славеше против Интер со 1:0.
Финалето ќе се одигра во Рим, по што на 20 јуни треба да продолжи и Серија А.