Хозе Каљејон, наводно, одлучил да го одбие новиот договор со Наполи и да прифати преселба во Валенсија. Како што објавија неколку италијански медиуми, тој треба да стане слободен агент на крајот на сезоната и иако имаше најави дека ќе остане во Неапол, сепак, неговата одлука се променила по понудата од „Местаља“.
33-годишниот играч пристигна од Реал Мадрид во 2013 година и одигра 336 натпревари за Наполи, постигнувајќи 80 гола и обезбедувајќи 77 асистенции.