Легендата на светскиот фудбал, Диего Марадона го продолжи својот договор како тренер на аргентинскиот тим Гимназија и Есгрима.
„Гимназијата и Диего Армандо Марадона ќе продолжат да работат заедно со догивор кој ќе биде продолжен до 31 декември 2021 година. Тој ќе продолжи да го предводи тимот со Себастијан Мендес и Адријан Гонзалез како асистенти“, се наведува во информацијата објавена на веб-страницата на клубот.
По 23 одиграни кола од првенството во Аргентина, Гимназија заврши на 19-то место. Поради пандемијата на коронавирус, првенството беше прекинато.