Раководството на Формула 1 ќе им понуди на тимовите да се одржуваат кратки трки од 30 минути во сабота на местото на класичните квалификации. Според информацијата на „Моторспорт“, овие трки всушност ќе бидат замена за стандардните квалификации и од нив ќе се одредуваат пол-позициите.
Стартниот ред за овие самотни 30-минутни трки во вид на квалификации ќе се одредува по обратен редослед. Тоа значи дека лидерот во генералниот пласман ќе стартува од последното место, а прв ќе биде оној кој се наоѓа на 20-тото место во генералниот пласман.
ФИА ја поддржува оваа идеја, но за да се ратификува ваква одлука, потребна е едногласна поддршка од сите 10 тима во Формула 1.