Двата тетовски прволигаши, Шкендија и Ренова, во чии редови има 6 позитивни случаи на КОВИД-19 денеска ги потврдија резултатите. Во соопштенијата се вели:
“За жал денес од Синдикатот на фудбалери и болницата „Систина“ не известија дека двајца членови на нашиот клуб кои се тестирани, се позитивни на СОВИД-19. Во интерес на веродостојноста на резултатите, клубот веднаш ги започна процедурите за изведување на вториот тест на двајцата позитивни членови. Почитувајќи ги упатствата на надлежните органи, двајцата членови со позитивни резултати во СОВИД-19 се изолирани според препораките, додека клубот ќе ги преземе следните чекори во координација со Фудбалската федерација на Македонија и Институтот за јавно здравје. КФ Шкендија нема да даде дополнителни коментари за ова прашање до понатамошно известување“, се вели во соопштението на Шкендија.
Од Ренова велат:
“Сакаме да ве информираме дека информациите што сте ги прочитале денес се вистинити, за жал во нашиот клуб имаме 4 позитивни случаи со Ковид -19. Имињата на лицата ќе ги дознаете во наредните денови, не дека сакаме да ги чуваме во тајност, туку треба да се направи вториот тест и овие случаи треба да бидат потврдени. Целиот тим на ФК РЕНОВА откажа каква било активност се додека немаме препорака од надлежните органи. Сега, како КЛУБ и како СЕМЕЈСТВО, не нè интересира дали ќе се одигра овој шампионат, туку само нè интересира за здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека некои други почнаа да разбираат колку е сериозна оваа состојба. Здравје пред сè. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици“.