Францускиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Пол Погба, е подготвен да се пресели во ПСЖ, тврди францускиот печат.
Според информациите, приоритет за Французинот е да замине во Реал Мадрид, но фудбалерот е подготвен и на трансфер во редовите на францускиот шампион.
Претходно беше објавено дека Зинедин Зидан бил лично заинтересиран за трансферот на Погба, но и Јувентус е подготвен да вклучи неколку играчи во договорот со Погба. Засега ПСЖ со финансиските параметри би бил фаворит во битката за Погба, доколку тој навистина сака да се пресели во Париз.