Како што стојат работите, Арсенал и следната сезона во своите редови ќе го задржи Давид Луиз. Неговиот агент потврди дека постои голема шанса соработката со „топчиите“ да биде продолжена.
Во тековната сезона, Давид Луиз беше стандарден во составот на Арсенал. Сепак, поради бројните грешки дека навивачите на „топчиите“ повеќе би сакале да видат некој друг на местото на овој 33-годишен фудбалер. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а постои и клаузула според која може да се продолжи за уште една година.

