Author: saso

Фудбалскиот клуб Болоња синоќа објави дека еден член на стручниот штаб е заразен со коронавирусот, поради што целиот тим ќе оди во карантин. Според вестите од Апенините, постои сомнеж дека во тимот на Синиша Михајловиќ, еден од вработените е позитивен на КОВИД-19. „Додека чекавме дополнителни резултати, решено е дека тренинзите ќе продолжат утре, индивидуално и во различно време, без користење на заеднички тренинзи. Доколку се потврди позитивниот случај, тимот ќе тренира во изолација“, се наведува во соопштението на Болоња . Ова ќе биде прв случај на инфекција во Серија А, бидејќи на тимовите им беше дозволено да тренираат во групата.

Read More

Четворицата играчи на Севиља, кои ги прекршија правилата за карантин во услови на пандемија со Ковид-19, се извинија за нивното однесување. Банега, Франко Васкез, Лук де Јонг и Лукас Окампос беа фотографирани како дел од прославата на која имаше 12 лица. Фотографијата беше објавена на Инстаграм профилот на девојката на Банега. „Сакам да се извинам за она што се случи вчера“, напиша Банега на својот профил на Инстаграм. Тоа беше само собир на пријатели и семејство и ние навистина не знаевме дека не е дозволено. Сакам да му се извинам на клубот уште еднаш, на сите луѓе, на градот“, вели…

Read More

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, синоќа потврди дека точниот термин за рестарт на шпанското фудбалско првенство е 11 јуни. Првиот меч од продолжението на шампионатот ќе биде големото градско дерби меѓу Севиља и Бетис. Тој, исто така, потврди дека од клубовите ќе биде побарано да бидат флексибилни за закажување на наредните недели, со датуми и времиња на започнување, врз основа на препораките од развојот на владините здравствени совети. „Ла Лига ќе продолжи во викендот на 12 јуни. Но, првиот натпревар може да се одигра на 11 јуни“, изјави тој. „Нашата намера е да започнеме на 11 јуни, со мечот…

Read More

Чилеанската фудбалска икона, Иван Заморано смета дека Барселона не може да си дозволи да го купи Лаутаро Мартинез. Голгетерот на Интер кој во актуелнава сезона даде 18 гола на 33 натпревари е на мета на Барселона која во него гледа долгорочна замена за Луис Саурез. Интер постави високи барања за него, а активирање на откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра не е опција за Каталонците. Според Заморано оваа цена е голем проблем за Барса која се соочува со економски проблеми. „Навистина се надевам дека Лаутаро ќе остане во Интер. Тој е млад човек, има 22 години, Кавани пак е…

Read More

Во очекување на стартот на Серија А лигата, од Апенините стигнува информација дека продолжението на сезоната ќе се игра само во два термини. Со оглед на тоа дека во овој период од годината топлото време си го прави своето, нема да се игра во традиционалниот термин за фудбал во Италија, 15 часот, туку сите средби ќе бидат закажани малку подоцна. На барање на Синдикатот на фудбалерите, во текот на денот ќе се игра во два термини. Првиот е 18.30 часот, додека вториот е 21.00 часот. На 28 мај ќе се одржи главниот состанок, на кој Министерот за спорт, Винченцо Спадафора…

Read More

Манчестер јунајтед не може да го задржи Одион Игало до крајот на сезоната откако вчера од кинескиот клуб Шангај Шенхуа побарале Нигериецот да се врати во нивните редови. Само една недела пред истекот на тековниот договор за позајмица, Манчестер Јунајтед доби негативен одговор од кинескиот клуб за обновување на договорот за уште три месеци. Кинезите веќе разговарале со 30-годишниот напаѓач и побарале тој веднаш да му се придружи на Шангај Шенхуа во подготовките за продолжување на сезоната во кинеската Супер лига.

Read More

Интер и ПСЖ продолжуваат со преговори за Мауро Икарди. Напаѓачот игра за францускиот тим уште од почетокот на сезоната, а во договорот за позајмица е вклучена откупна клаузула вредна 70 милиони евра. Сепак, новинарот Николо Шира потенцира дека Интер е подготвен да направи некои отстапки и да го продаде Аргентинецот и за сума меѓу 55-60 милиони. ПСЖ е задоволенод Икарди, кој постигна 12 голови во лигата и 5 во Лигата на шампионите и се наметна како стандарден првотимец. Клубот е подготвен да му плати на напаѓачот 10 милиони евра годишно плус бонуси, доколку успее да го купи. Во трката за…

Read More

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е подготвен да го продаде аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин ова лето. Притоа, „Старата Дама“ веќе ја одреди и цената за слободата на Аргентнецот – 18 милиони евра. Споре дпишувањата на торинските весници, интерес за популарниот „Ел Пипита“ има од неговиот матичен клуб, Ривер Плата. Игуаин ј апочна својата фудбалска кариера во овој аргентински клуб, па доколку се врати во Буенос Аирес таму може и да ја заврши кариерата. „Бјанконерите“ платија дури 90 милиони евра за неговиот трансфер од Наполи во 2016 година.

Read More

Пред 50 години на денешен ден (23.05.1970.) СФРЈ ги победи САД (70:63) и на едно коло пред крајот на светското првенство го обезбеди златото. На шампионатот во салата “Тиволи” во Љубљана, тогашната селекција на СФРЈ, беше предвдоена од Ранко Жеравица, чиј помошник беше нашата кошаркарска тренерска легенда, Лазар Лечиќ. Тоа прва светска титула за поранешна Југославија која беше еуфорично славена на територијата на целата поранешна држава.

Read More

Филип Талески потпиша едногодишен договор со РК Вардар. Она што се најавуваше подолго време, конечно се реализира. Талески се враќа во Македонија побогат со искукство од три години играње во Бундеслигата. Тој сега ќе ја бара својата шанса во дресот на европскиот шампион, откако не ја доби посакуваната минутажа во клубовите во Германија во кои го носеше дресот во изминатиов период.

Read More