Интер и ПСЖ продолжуваат со преговори за Мауро Икарди. Напаѓачот игра за францускиот тим уште од почетокот на сезоната, а во договорот за позајмица е вклучена откупна клаузула вредна 70 милиони евра.
Сепак, новинарот Николо Шира потенцира дека Интер е подготвен да направи некои отстапки и да го продаде Аргентинецот и за сума меѓу 55-60 милиони.
ПСЖ е задоволенод Икарди, кој постигна 12 голови во лигата и 5 во Лигата на шампионите и се наметна како стандарден првотимец. Клубот е подготвен да му плати на напаѓачот 10 милиони евра годишно плус бонуси, доколку успее да го купи. Во трката за Икарди останува и Челзи.