Четворицата играчи на Севиља, кои ги прекршија правилата за карантин во услови на пандемија со Ковид-19, се извинија за нивното однесување. Банега, Франко Васкез, Лук де Јонг и Лукас Окампос беа фотографирани како дел од прославата на која имаше 12 лица. Фотографијата беше објавена на Инстаграм профилот на девојката на Банега.
„Сакам да се извинам за она што се случи вчера“, напиша Банега на својот профил на Инстаграм. Тоа беше само собир на пријатели и семејство и ние навистина не знаевме дека не е дозволено. Сакам да му се извинам на клубот уште еднаш, на сите луѓе, на градот“, вели Банега.