Чилеанската фудбалска икона, Иван Заморано смета дека Барселона не може да си дозволи да го купи Лаутаро Мартинез. Голгетерот на Интер кој во актуелнава сезона даде 18 гола на 33 натпревари е на мета на Барселона која во него гледа долгорочна замена за Луис Саурез.
Интер постави високи барања за него, а активирање на откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра не е опција за Каталонците. Според Заморано оваа цена е голем проблем за Барса која се соочува со економски проблеми.
„Навистина се надевам дека Лаутаро ќе остане во Интер. Тој е млад човек, има 22 години, Кавани пак е 11 години постар и има огромно искуство во различни клубови. Ама доаѓањето на Кавани нема никаква врска со продажбата на Лаутаро. Барселона има економски проблеми кои не дозволуваат да потпишат со Лаутаро, па според мене тој ќе остане во Милано“, вели Заморано.