Прославениот хрватски ракометар Блаженко Лацковиќ, кој од 2014 до 2016 година го носеше и дресот на Вардар, ја заврши кариерата како ракометен професионалец по 22 години поминати на паркетот. Поранешната sвезда на Кил, сепак, нема да се откаже од ракометот, затоа што својата кариера ќе ја продолжи како тренер.
Лацковиќ неодамна играше за ХСВ Хамбург во втората лига, и токму во овој клуб ќе почне да работии како тренер. Тој следната сезона ќе биде помошник во тимот.