Манчестер јунајтед подигна кредит во висина од 140 милиони фунти од отворената кредитната линија до април 2025 година. Кредитот за англискиот клуб доаѓа од „Банка на Америка“, а истиот веројатно е биде искористен за купување нови играчи ова лето.
Солскјер и управата на тимот се решени да го вратат Јунајтед во врвот на англискиот фудбал и за тоа нема да штедат пари ова лето.
Фудбалот беше силно погоден од финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, а најновите финансиски извештаи на Јунајтед објавени на 21 мај покажаа нагло зголемување на нето-долгот на клубот на 429,1 милиони фунти.