Нови четири случаи на заразени со КОВИД-19 има по последните спроведени тестови во англиската Премиер лига. Како што соопштија од лигата, уште четири лица од три екипи се позитивно тестирани за коронавирусот.
Во третиот круг на тестирање беа опфатени вкупно 1008 играчи и клупски персонал. Втората фаза од проектот за враќање на Премиер лигата ќе дозволи и тренинзи во групи, но клубовите се должни да обезбедат услови за минимизирање на непотребен близок контакт.
Досега 12 лица имаат позитивни тестови од вкупно 2.752 направени тестови досега во целата лига. Фудбалерите и персоналот во Премиерлигата ќе продолжат да се тестираат двапати неделно.