Во Белгија фудбалското првенство беше прекинато, но финалето на Купот, сепак, ќе се игра. Бриж ќе го пречека Антверпен во финалниот меч од купот на 1 август, објави локалниот фудбалски сојуз.
Натпреварот ќе се одржи пред празни трибини на стадионот „Кинг Бадуин“ во Брисел. Одлуката беше објавена откако двата клуба, белгиската Про лига и Фудбалската асоцијација, се состанаа со градските власти за постигнување договори, а полицијата и безбедносните служби дадоа зелено светло.
Финалето првично беше закажано за 22 март, но беше откажано поради пандемијата со КОВИД-19.