Раководството на Фудбалската асоцијација на Велс одлучи предвремено да го прекине националниот шампионат поради пандемијата на коронавирусот.
Сезоната е завршена во сите четири дивизии. Велшката асоцијација се реши прашањето околу новиот шампион и конечниот пласман на табелата да го реши со вадење на просек од освоените бодови на клубовите, според бројот на одиграни средби, затоа што клубовите до стопирањето на сезоната немаа одиграно идентичен број на мечеви.
Така, за првпат во историјата екипата на Конах’с стана шампион на Велс, откако обезбеди 26 бода или просек од 2,15 бода по натпревар. Второто место го зазеде ТНС (2,00), а трет завршува тимот на Бала Таун (1,88).