Ново име за кандидат за тренерското место во екипата на Милан е холандската легенда, Марк Ван Бомел.
Поранешниот репрезентативец на Холандија, кој е без ангажман од декември минатата година кога се разделил со ПСВ, го испратил своето CV на „Сан Сиро“.
„Ван Бомел остави добар впечаток во разговорите со челниците на Милан и е еден од кандидатите за тренерската позиција“, пренесува „Калчомеркато“.
Ван Бомел го носеше дресот на Милан во периодот од јануари 2011 до јуни 2012 година.