Претседателот на Германската фудбалска федерација, Фриц Келер, објави дека разговарал со извршниот директор на Баерн (M), Карл-Хајнц Румениге, да достават предлог до УЕФА за воведување максимална плата.
„Во моментов, парите за трансфери и плати во фудбалот се апсурдни“, вели Келер. Според него, фудбалот треба да им се врати на луѓето, а не да стане игра на милионери.

