Author: saso

Напаѓачот на Челзи, Вилијан, е на размислување дека е се уште рано да се зборува за враќање на фудбалските терени во Англија. „Да бидам искрен, колку што знам, многу играчи, – би рекол, најмногу – не ја поддржуваат идејата за продолжување на сезоната во моментов. Навистина сакаме да се играме, ни недостасува фудбалот. Но, ние мора да бидеме безбедни. Нашето здравје е прво. Никој од играчите не сака да се врати на теренот додека целосно не биде безбеден“, вели Бразилецот.

Read More

Фудбалерите на Борусија Дортмунд победија во популарното Рурско дерби со соседите Шалке со убедливи 4:0 во денеска најатрактивниот меч од 26. коло на рестартираната Бундеслига. Ерлинг Халанд го отвори резултатот, по штос ледуваа уште два гола на Гереиро и еден на Азар за убедлив триумф на домашните. Од попладневните дуели за издвојување е и победата на Волфсбург на гостувањето кај Аугсбург и ремито на Лајпциг и ФРајбург. Вечерва во последниот денешен меч, екипата на Борусија (М) со убедливи 3:1 славеше нагости во Франкфурт. Резултати: Аугсбург – Волфсбург 1-2 Борусија Дортмунд – Шалке 4-0 Фортуна Дизелдорф – Падерборн 0-0 Хофенхајм –…

Read More

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука во однос на распределбата на местата на клубовите во Европа. Во предвид се земени минатогодишните резултати,а очекувано Вардар ќе игра во Лигата на шампионите , додека вајлд-карта за истото натпреварување ќе бара Е. Пелистер. Доколку битолчани не добијат шанса за настап во најсилното натпреварување тие ќе се натпреваруваат во Лигата на  Европа. Металург ќе игра во Лигата на Европа, како и Бутел Скопје кој ќе мора да почне од квалификациите. И Тинекс Пролет и Охрид ќе добијат шанса доколку се имаат интерес за Лига на Европа, а ќе…

Read More

На денешната седница УО на РФМ го потврди предлогот на клубовите за следната сезона. Супер-лигата ќе биде проширена. Во првата фаза ќе брои 14 екипи кои ќе бидат поделени во две групи, а нови членови ќе бидат Астраион, Прилеп, Јуниор Кисела Вода, Тиквеш, КЛ7 и Младост Богданци. Во понискиот ранг се селат Металург 2 и Вардар Јуниор, додека пак учесниците во СЕХА-лигата ќе се приклучат во вториот дел. Во плеј-офот покрај Вардар и Е. Пелистер ќе играат трите најдобро пласирани екипи од двете групи, останатите осум тима ќе се борат во плеј аут. Супер-лигата во сезоната 2021/22 ќе брои 10…

Read More

Американската фудбалска лига МЛС ги истражува опциите за продолжување на оваа сезона. Еден од предлозите е да се соберат сите 26 екипи во областа Орландо и да се играат натпревари без присуство на гледачи во спортскиот комплекс „Дизни“, пренесува „Вашингтон пост“. Играчите, тренерите и персоналот ќе бидат ставени во карантин во едно од најголемите одморалишта во близина на „Светот на Волт Дизни“ на неопределено време. Екипите треба да тренираат и играат главно на стадионот кој се наоѓа во паркот Дизни. Лигата се очекува да ја објави одлуката во наредните две недели и да се направи рамка за продолжување на сезоната.

Read More

Извршниот директор на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија (ПФА), Гордон Тејлор изрази загриженост за продолжувањето на сезоната во англиската Премиер лига. „Ова не е лесно кога на почетокот ни беше кажано да останеме дома повеќе од шест недели, а потоа олабавувањето на мерките започна нагло. Фудбалерите не сакаат да бидат експериментални зајаци, а тоа може да се однесува на сите во професионалните спортови. Станува збор за рамнотежа меѓу безбедноста и обидот да се вратиме во нормала што е можно побргу“, вели Тејлор. Шефот на ПФА е уверен дека со процесот на продолжување на сезоната треба да се пристапи со…

Read More

Њукасл Јунајтед е клубот кој е подготвен по секоја цена да го врати Герет Бејл во Премиер лигата. Според информација на „Дејли Меил“, клубот кој заврши во рацете на фонд за управување од С. Арабија сака да доведе големи засилувања ова лето, а една од метите е токму фудбалерот на Реал (М). Њукасл е подготвен да потроши 60 милиони евра за sвездата на „Кралскиот клуб“. Сепак, најмалку три клуба се заинтересирани за играчот, а меѓу нив е и клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, кој е подготвен да ги исполни барањата за платата на играчот. Третиот клуб е Тотенхем.

Read More

Унаи Емери би можел да се врати на кормилото на својот некогашен тим Валенсија. „Марка“ тврди дека раководството на „лилјаците“ размислува да го отпушти сегашниот тренер Алберт Селадес , под чие водство тимот се наоѓа на 7. место во Ла Лига. Ако тоа се случи, Емери е фаворит за неговата позиција. 48-годишниот стратег ја водеше Валенсија меѓу 2008 и 2012 година, доведувајќи го тимот до третото место во лигата дури трипати.

Read More

Раководството на шведската фудбалска лига се откажа од идејата за задолжително тестирање на играчите пред натпреварите, пренесува Асошиејтед Прес. Играчите ќе поплнуваат прашалници за проценка на сопствената здравствена состојба и истите ќе треба да ги испратат по е-пошта на клупските лекари најмалку два часа пред тренинг сесијата или пристигнување на стадионот. Докторот на клубот ќе одлучи за тоа дали играчот може да игра или не. Властите во Шведска се очекува оваа недела да одлучат дали двете најдобри шведски лиги можат да започнат следниот месец. Најавата е дека на 14 јуни би требала да почне новата сезона.

Read More

Германскиот весник „Билд“ пренесува дека Ралф Рангник е скоро сигурен избор за нов тренер на тимот на Милан. Рангник би требало да го замени Стефано Пиоли на клупата на „росонерите“, откако двете страни во преговорите ќе се договорат за сите услови од соработката. Јасно е дека Германецот инсистира на некои свои принципи на работа кои доколку Милан ги прифати тој може да го преземе тимот. Германскиот стратег сака да го подмлади Милан со докажани фудбалери кои не се во зрели години. За таа цел бара 150 милиони евра за транфери, кои наводно од Милан се подготвени да му ги обезбедат.

Read More