Унаи Емери би можел да се врати на кормилото на својот некогашен тим Валенсија. „Марка“ тврди дека раководството на „лилјаците“ размислува да го отпушти сегашниот тренер Алберт Селадес , под чие водство тимот се наоѓа на 7. место во Ла Лига.
Ако тоа се случи, Емери е фаворит за неговата позиција. 48-годишниот стратег ја водеше Валенсија меѓу 2008 и 2012 година, доведувајќи го тимот до третото место во лигата дури трипати.