Поранешниот германски репрезентативец, Мирослав Клосе, од денеска е нов член на тренерскиот штаб на Ханси Флик во Баерн (М). 41-годишниот Клосе, потпиша едногодишен договор со клубот. „Се чувствувам одлично и со нетрпение ги очекувам моите задачи. Ханси Флик и јас со години добро се познававме од репрезентацијата. Ние веруваме едни во други професионално и лично“, изјавил Клосе
Author: saso
Денеска на состанокот на раководните структури на Бундес лигата договорено е кога точно ќе се игра 26. коло со што и официјално ќе се рестартира германскиот фудбалски шампионат. Укинато е играњето на мечеви во петок, нешто што беше пракса до прекинот, а еден меч ќе се игра во понеделник. Вака изгледа распоредот на колото кое стартува на 16 мај. Сабота 15:30 Аугсбург – Волфзбург Хофенхајм – Херта РБ Лајпциг – Фрајбург Борусија Дортмунд – Шалке 04 Фортуна (Д) – Падерборн Сабота 18:30 Ајнтрахт – Борусија (М) Недела 15:30 Келн – Мајнц Недела 18:00 Унион – Баерн Минхен Понеделник 20:30 Вердер…
Леонард Жута и Стефан Ристовски се најдоа во изборот за најдобар играч на Риека во последните 10 години. И двајцата се најдоа во идеалниот тим на Риека во последната деценија, а денеска хрватскиот тим спроведе нова анкета во која бира индивидуално најдобар играч и навивачите може да гласаат. Ристовски и Жута беа дел од Риека во историската сезона во која тимот ја освои двојната круна, што беше прв пат од постоењето на клубот. Ристовски сега успешно го носи дресот на Спортинг Лисабон, додека Леонард Жута е дел од Коњаспор, но не игра, и имаше шпекулации дури и за негов „кам-бек“…
Германската Бундеслигата е на пат повторно да стартува, сега на 15 мај. Според весникот„Билд“ , Германската фудбалска лига вчера им најавила на сите 36 професионални клубови да се подготвуваат за почеток на натпреварите идниот викенд. Како ќе изгледа комплетниот распоред на натпреварите во Бундеслигата и 2. Бундеслигата ќе биде објавено денеска. Според некои најави, првиот меч кој ќе се одигра по паузата поради пандемијата ќе биде натпреварот во Бундеслигата меѓу Фортуна Дизелдорф и Падерборн, кој се очекува да биде закажан за 15 мај.
Белгиската фудбалска лига и официјално ќе биде прекината, откако владата воведе забрана за сите спортски настани до крајот на јули по разговорите со Националниот совет за безбедност. Локалните фудбалски тимови неколку пати одложуваа и конечно го презакажаа гласањето за рестарт на лигата за 15 мај за да ја почекаат одлуката на Владата. Со оглед на новата уредба, јасно е дека нема да има завршување на сезоната. Управниот одбор на локалната Про лига го најави крајот на сезоната на 2 април поради пандемијата на коронавирус, а одлуката требаше официјално да ја преиспитаат 24-те клубови во првите две дивизии.
Хокеарскиот тим Њу Џерси Девилс ќе донира 10.000 бесплатни билети за здравствените работници кои се во првите редови во битката со пандемијата. Тоа ќе бидат билети за натпреварите на тимот од следната НХЛ сезона. Клубот исто така вети дека ќе донира два дополнителни билети за секој купувач на сезонски билет кој користи кредити земени оваа или следната година. Сопствениците на тимот претходно донираа пари и медицински материјали во Фондот за итна нега.
Тренерот на македонскиот и европскиот шампион Вардар, Стевче Алушовски, во интерву за „Балкан Хандбал“ потврди дека се работи интензивно на обезбедување на тимот за следната сезона. Тој потенцираше дека на состанокот со новиот претседател Михајловски кој го презема клубот по 1 јуни, играчите добија информација за плановите и за тоа како ќе изгледа буџетот за следната сезона. „Освен Скубе кој најави заминување, со сите други ќе се разговара за останување во тимот. Тука се и Дисингер, Дибиров, Чупиќ… Исто така, Борко Ристовски останува сигурно, со нас ќе биде и Мишевски, а останува да видиме дали ќе успееме да го донесеме…
Организаторите на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1 сè уште не се подготвени да потврдат дали трката првично закажана за 30 септември ќе се одржи или ќе биде одложена. Почетокот на сезоната во Формула 1 поради пандемијата на коронавирус е одложена и календарот ќе биде ревидиран. Сè уште не е познато колку вкупно трки ќе можат да се возат сезонава. „Организаторите на ГП на Сингапур внимателно го следат развојот на ситуацијата со ширењето на КОВИД-19 и продолжуваат да одржуваат отворен дијалог со Формула 1, Владата на Сингапур и акционерите. Во моментот, календарот во Формула 1 за сезоната…
Сопственикот на НБА тимот, Далас Маверикс, Марк Кјубан, смета дека отворањето на тренинг центрите на клубовите во лигата на 8 мај е избрзана одлука. „Очигледно, проблемот е во тоа што, бидејќи не можеме да ги провериме сите луѓе, не можеме да гарантираме сигурност за никого, било тоа да се кошаркари или некој друг. И покрај фактот дека ќе се обидеме да ги преземеме сите можни мерки на претпазливост, ова не вреди, особено кога нашите момци тренираат сами“, вели Кјубан.
Премиерот на Холандија Марк Руте најави олабавување на карантинските мерки во земјата, но тие очигледно нема да го опфатат спортот во целост. Почнувајќи од 11 мај, во земјата ќе и биде дозволено да се игра голф и тенис за рекреативни цели. Сите спортски настани беа забранети до 31 август, а најавата на Премиерот отвора можност за планирање тимски спортови за по три месеци. Оваа објава ќе важи и за фудбалскиот шампионат во Холандија, кој е прекинат.
