Организаторите на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1 сè уште не се подготвени да потврдат дали трката првично закажана за 30 септември ќе се одржи или ќе биде одложена. Почетокот на сезоната во Формула 1 поради пандемијата на коронавирус е одложена и календарот ќе биде ревидиран. Сè уште не е познато колку вкупно трки ќе можат да се возат сезонава.
„Организаторите на ГП на Сингапур внимателно го следат развојот на ситуацијата со ширењето на КОВИД-19 и продолжуваат да одржуваат отворен дијалог со Формула 1, Владата на Сингапур и акционерите. Во моментот, календарот во Формула 1 за сезоната 2020 е во ревизија. Ние ќе им дадеме информации на купувачите на билети за сите промени штом се појават информациите. Нашиот главен приоритет е здравјето и безбедноста на навивачите, гледачите, учесниците и вработените“, изјавиле организаторите на трката.

