Сопственикот на НБА тимот, Далас Маверикс, Марк Кјубан, смета дека отворањето на тренинг центрите на клубовите во лигата на 8 мај е избрзана одлука.
„Очигледно, проблемот е во тоа што, бидејќи не можеме да ги провериме сите луѓе, не можеме да гарантираме сигурност за никого, било тоа да се кошаркари или некој друг. И покрај фактот дека ќе се обидеме да ги преземеме сите можни мерки на претпазливост, ова не вреди, особено кога нашите момци тренираат сами“, вели Кјубан.