Author: saso

Големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, се чини дека конечно ќе отпатува за Торино, бидејќи неговиот приватен авион вчера успеал да слета во Мадеира. Најавено е дека авионот на Роналдо бил приземјен во Мадрид, поради ограничувањата за летови, наметнати како резултат на коронавирусот. Сепак, „Кориере дело Спорт“ тврди дека авионот се спуштил вчера во Фуншал и дека ЦР7 би можел да се врати во Италија во текот на денешниот ден. 35-годишниот фудбалер по доаѓањето во Италија ќе мора да помине задолжителни две недели во самоизолација пред да продолжи со тренинзи со останатите соиграчи во Јуве.

Read More

Некогашниот тренер на Барселона и селектор на Холандија, Роналд Куман, синоќа е пренесен во болница каде што е констатирано дека имал мал срцев удар. Куман вчера наутро се пожалил дека се чувствува лошо во својот дом во Бусум, 20 километри од Амстердам, по што семејството веднаш го одвело во болница. Од Универзитетскиот медицински центар во Амстердам, каде што е сместен 57-годишниот Куман, велат дека тој не е во животозагрижувачка состојба.

Read More

Горан Пандев на својот профил на „Инстаграм“ се приклучи на акцијата во која многумина фудбалери даваат нивните најдраги дресови со нивен потпис на аукција, и парите ќе ги донираат во болници кои се борат против коронавирусот. Пандев се реши да го даде својот дрес од 100-тиот настап во националниот тим против Летонија, и парите да ги донира во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. „Ова е мојот дрес од националниот тим на мечот Македонија – Летонија. Тоа за мене беше 100-ти натпревар во репрезентацијата“, вели Пандев. View this post on Instagram Ovoj svet dres od mojot stoti nastap za…

Read More

Министерството за спорт и Олимпискиот комитет на Италија подготвија список на спортови по категорија на ризик од ширење на коронавирусот. Опсежната студија направена во соработка со научните институции на Италија подели 387 спортски дисциплини оценети со оценки од 0 до 4. Наводно, спортови кои не нудат скоро никаква можност за ширење на инфекцијата се: едрење, пливање на отворено, голф и тенис. Што се однесува до тенисот, исто така, се утврдуваат правилата кои препорачуваат тенисерите да носат очила и ракавици, а секој играч треба да има свои топки на услугата и дека и двајцата играчи ќе избегнуваат да одат истовремено кон…

Read More
NBA

Еден од најпопуларните НБА тимови низ историјата, Њујорк Никс планира да го донесе 35-годишниот Крис Пол како нова ѕвезда на тимот за следната сезона. Според вестите од САД, Пол ќе заработи 41 милиони долари за следната сезона и три милиони помалку за годината потоа. Американскиот новинар Иан Бегли известува дека Никс се многу заинтересирани за Пол и неговото „искуство и победнички менталитет“ што би го донел во „Големото јаболко“. Шпекулациите се предизвикани и од фактот дека Лион Роуз е поранешен агент на искусниот Пол и има одлични релации со него. Моментно Роуз е на позицијата претседател на Њујорк.

Read More

Популарниот промотор на ММА борби, Дана Вајт верува дека наскоро ќе може да се организира реванш мечот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор. Мек Грегор уште од поодамна изјави дека сака реванш со Русинот, но сега се очекува одговорот и од Нурмагомедов. Враќањето на Хабиб во октагонот е најавено за август или септември, а Вајт потврдува дека работи на организација на нов мега-спектакл. „Би сакал еден таков реванш. Работиме на тој мега-спектакл. Мек Грегор сака, ние од УФЦ силно посакуваме таков меч, а и Хабиб мислам дека ќе се согласи“, вели Вајт, кој открива дека мечот меѓу Хабиб и Тони…

Read More

Популарниот Охридски полумаратон насловен како „Охрид ТрчаТ“ оваа година ќе мора да биде презакажан. Организаторите денеска објавија дека наместо 7 јуни како што првично беше планирано, годинешното издание на манифестацијата ќе се одржи во последниот викенд од август, 28-30. „Во овој момент и со ваква ситуација, одлуката за избор на нов датум воопшто не беше лесна, размислувавме за вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можевме, така што искрено се надеваме дека успеавме да ви понудиме опција што е прифатлива за вас. Чувајте се и се надеваме дека ќе се видиме на трката во август“, порачаа…

Read More

Лион е најголемиот губитник по одлуката на Француската федерација за прекин на сезоната и прогласување на ПСЖ за нов шампион. Лион е на 7. место на табелата во Франција и со тоа го загуби правото за настап во Европа, иако е во осминафиналето на Лигата на шампионите и го победи Јувентус во првиот натпревар. Сега Лион е решен правдата да ја бара на суд, па најави дека ќе ја тужи Фудбалската федерација на Франција бидејќи му е ускратена можноста да се бори до крај за пласман во европските купови. Тужби за Федерацијата најавија и тимовите кои по неполна сезона мора…

Read More

Фудбалската федерација на Италија на вчерашниот состанок донесе неколку важни одлуки за Серија А за следната сезона. Челниците на италијанскиот фудбал одлучиле следната сезона од Серија А без оглед дали оваа ќе се заврши или не, да брои 20 учесници, а не 22 како што се претпоставуваше во претходниот период. Тоа значи дека ќе има испаѓање од лигата, како и промоции. По оваа одлука, СПАЛ, Бреша, Џенова и Лече ќе стравуваат бидејќи се најзагрозени на табелата. Со оглед на тоа дека ќе има промоции од Серија Б во Серија А, тоа значи дека Беневенто повторно ќе игра во највисокиот ранг,…

Read More

Лондонски Челзи ги повика сите свои фудбалери да се вратат во Англија. Според извори во клубот „сините“ се подготвиваат за враќање во тренинг процес и наскоро почнување на продолжението од Премиер лигата/ Челзи испратило пораки до своите фудбалери кои се во странство најдоцна до 3 мај да се вратат во земјата. Челси е флексибилен во однос на времето на враќање и ќе почека доколку некои фудбалери имаат лоши коненции. Неколку фудбалери на „сините“, меѓу кои и Вилијан, Емерсон и Маркос Алонсо добија дозвола да ја напуштат Англија по избувнувањето на коронавирусот, но по нивното враќање, клубот може да ги стави…

Read More