Некогашниот тренер на Барселона и селектор на Холандија, Роналд Куман, синоќа е пренесен во болница каде што е констатирано дека имал мал срцев удар.
Куман вчера наутро се пожалил дека се чувствува лошо во својот дом во Бусум, 20 километри од Амстердам, по што семејството веднаш го одвело во болница.
Од Универзитетскиот медицински центар во Амстердам, каде што е сместен 57-годишниот Куман, велат дека тој не е во животозагрижувачка состојба.