Лондонски Челзи ги повика сите свои фудбалери да се вратат во Англија. Според извори во клубот „сините“ се подготвиваат за враќање во тренинг процес и наскоро почнување на продолжението од Премиер лигата/
Челзи испратило пораки до своите фудбалери кои се во странство најдоцна до 3 мај да се вратат во земјата. Челси е флексибилен во однос на времето на враќање и ќе почека доколку некои фудбалери имаат лоши коненции.
Неколку фудбалери на „сините“, меѓу кои и Вилијан, Емерсон и Маркос Алонсо добија дозвола да ја напуштат Англија по избувнувањето на коронавирусот, но по нивното враќање, клубот може да ги стави во 14-дневен карантин.