Њукасл Јунајтед е клубот кој е подготвен по секоја цена да го врати Герет Бејл во Премиер лигата. Според информација на „Дејли Меил“, клубот кој заврши во рацете на фонд за управување од С. Арабија сака да доведе големи засилувања ова лето, а една од метите е токму фудбалерот на Реал (М).
Њукасл е подготвен да потроши 60 милиони евра за sвездата на „Кралскиот клуб“. Сепак, најмалку три клуба се заинтересирани за играчот, а меѓу нив е и клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, кој е подготвен да ги исполни барањата за платата на играчот. Третиот клуб е Тотенхем.