Фудбалерите на Борусија Дортмунд победија во популарното Рурско дерби со соседите Шалке со убедливи 4:0 во денеска најатрактивниот меч од 26. коло на рестартираната Бундеслига.
Ерлинг Халанд го отвори резултатот, по штос ледуваа уште два гола на Гереиро и еден на Азар за убедлив триумф на домашните. Од попладневните дуели за издвојување е и победата на Волфсбург на гостувањето кај Аугсбург и ремито на Лајпциг и ФРајбург.
Вечерва во последниот денешен меч, екипата на Борусија (М) со убедливи 3:1 славеше нагости во Франкфурт.
Резултати:
Аугсбург – Волфсбург 1-2
Борусија Дортмунд – Шалке 4-0
Фортуна Дизелдорф – Падерборн 0-0
Хофенхајм – Херта 0-3
Лајпциг – Фрајбург 1-1
Ајнтрахт Франкфурт – Б. Менхенгладбах 1-3