Раководството на шведската фудбалска лига се откажа од идејата за задолжително тестирање на играчите пред натпреварите, пренесува Асошиејтед Прес.
Играчите ќе поплнуваат прашалници за проценка на сопствената здравствена состојба и истите ќе треба да ги испратат по е-пошта на клупските лекари најмалку два часа пред тренинг сесијата или пристигнување на стадионот. Докторот на клубот ќе одлучи за тоа дали играчот може да игра или не.
Властите во Шведска се очекува оваа недела да одлучат дали двете најдобри шведски лиги можат да започнат следниот месец. Најавата е дека на 14 јуни би требала да почне новата сезона.