Американската фудбалска лига МЛС ги истражува опциите за продолжување на оваа сезона. Еден од предлозите е да се соберат сите 26 екипи во областа Орландо и да се играат натпревари без присуство на гледачи во спортскиот комплекс „Дизни“, пренесува „Вашингтон пост“.
Играчите, тренерите и персоналот ќе бидат ставени во карантин во едно од најголемите одморалишта во близина на „Светот на Волт Дизни“ на неопределено време. Екипите треба да тренираат и играат главно на стадионот кој се наоѓа во паркот Дизни.
Лигата се очекува да ја објави одлуката во наредните две недели и да се направи рамка за продолжување на сезоната.