Организаторите на УС Опен се под притисок да пронајдат нов датум за одржување на Грен Слем турнирот, но поради моменталната ситуација со коронавирусот Њујорк не е добра локација. Се зборуваше дека една од оциите е Индијан Велс, но сега во прв план се чини дека е Флорида.
УС Опен би можел да се одржи кон крајот на годината и тоа без присуство на публика. Останува прашањето за Ролан Гарос кој официјално е одложен за 27 септември, но и неговото одржување е ставено под знак прашалник.