Иранското фудбалско првенство ќе продолжи по крајот на светиот месец Рамазан, пренесува „Техеран тајмс“.
Според изворот, ова го изјавил претседателот на земјата Хасан Рухани. Потврдено е дека натпреварите ќе се играат пред празни трибини.
„Осваривме состанок со Федерацијата за спортска медицина и разговаравме за тоа како да ја завршиме сезоната, бидејќи лидерите на Ла Лига, Серија А и Бундеслигата ќе го сторат тоа. Имаме уште девет недели, а сезоната можеме да ја завршиме за шест недели. На тимовите ќе им требаат три недели да се подготват за рестартирање“, коментира заменик министерот за здравство, Ирај Харирчи.
Иранскиот шампионат, како и повеќето фудбалски првенства ширум светот, беше суспендиран поради пандемијата на коронавирус. До крајот на првенството останаа само уште девет кола.