Шпанецот Карлос Саинц ќе потпише договор со Ферари во наредните 48 часа, а од следната сезона ќе биде втор возач во болидот на Скудерија, тврдат италијанските медиуми.
25-годишниот возач на Мекларен каде пристигна во 2019 година, според вестите веќе се договорил со италијанскиот тим за најважните детали од договорот. Мекларен, наводно, бил подготвен да го продолжи договорот со Саинц до крајот на 2021 или дури 2022 година оваа есен, но не е постигнат договор.
Ферари вчера потврди дека нема да го продолжи договорот со Себастијан Фетел, а раководството на тимот смета дека Саинц во исто време е искусен и преставува добра иднина за Скудерија.